Продолжи судењето за „27 април“, пред судот говореа Чавков, Дурловски, Јовановски...

Митко Чавков, поранешниот директор на Бирото за јавна безбедност и еден од обвинетите за настаните од 27 април минатата година во Собранието, во воведните зборови пред Судот рече дека „поради збунетост и неодлучност на полициските службеници пред Собранието тој лично презел команда за консолидација“.

„30 години поминав во МВР. Се пензионирав како директор на БЈБ и завршив како обвинет за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“, рече Чавков.

Покрај него, воведен збор по обвинението за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбесноста, имаа и шефот на унифомираната полиција Душко Лазаров, актерот Владо Јовановски и оперскиот пејач Игор Дурловски од „За заедничка Македонија“, потоа Игор Југ, Александар Василевски-Нинџа, Никола Митровски -Кољо...

Јовановски рече дека тој повикувал на смирување и да нема повредени, а Дурловски рече дека тој само ја пеел химната и дека ако е тоа грешка и понатаму така ќе греши. Сите го негира обвинувањето.