Хан бара полесно да се одлучува кога се примаат нови членки во ЕУ

Еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан, изјави дека Европската унија би требало да го поедностави процесот на одлучување за прием на нови членки, така што „не мора да постои едногласна одлука за секоја ситница“.

Тој, во изјава за германскиот весник „Клајне цајтунг“, зборувајќи за проширувањето на ЕУ со земјите од Западен Балкан, како пример го наведе фактот дека во претпристапниот процес потребна е едногласност за секој чекор.

„Додека некоја земја не стане членка, неопходни се околу 200 едногласни одлуки. Јасно е дека финалната одлука за прием на членки мора да биде донесена едногласно, но патот до таму не мора да биде поплочен со едногласни одлуки. Јас со моите луѓе поминувам една третина од свето време убедувајќи една или две земји-членки“, вели Хан.