Албанија прва по употреба на кокаин според бројот на населението

Albania - Travel photos from Albania. Emblem of Albania at the entrance to Tirana. 2017

Албанија го зазема првото место во светот по употреба на кокаин во однос на бројот на населението, објави британски весник „Економист“. Во репортажата со наслов „Зошто картелите профитираат“ се наведува дека борбата со дрогата се движи кон нова криза, а насилните нарко картели се борат за добивка од 320 милијарди долари годишно.

Во целиот свет се смета дека има 18 милиони корисници на кокаин. Купопродажбата на наркотичните средства денес е многу лесна, како никогаш порано благодарение на интернетот.

„Велика Британија, Шпанија, Австралија и САД се земји каде најмногу се консумира кокаин. Но, најголемиот процент го држи Албанија каде 2,5 отсто од населението ја користи оваа дрога, заземајќи го прво место. Тоа е поради фактот што таа е значаен пат за трговијата со кокаин од Авганистан“, наведува „Економист“ .