Болтон: САД нема да се вклучат во спорот меѓу Србија и Косово

Архива: Џон Болтон -советник за национална безбедност на претседателот на САД Доналд Трамп.

САД нема да се вклучат во расправата околу идејата за размена на територии меѓу Србија и Косово, изјави денеска во Киев Џон Болтон -советникот за национална безбедност на американскиот претседател Доналд Трамп, јавува Ројтерс.

Новинската агенција потсетува дека Белград ја лансираше идејата за решавање на спорот, кој ги отежнува амбициите на Косово да влезе во ЕУ, така што би се измениле границите на двете земји.