ДИК усвои кодекс за набљудување на референдумот

Државна изборна комисија ДИК.

Државната изборна комисија (ДИК) на денешната седница го усвои Предлог-кодексот за набљудување на референдумот, кој како што беше речено, става акцент на акредитираните набљудувачи.

„Тие треба да го познаваат Законот, да се придржуваат кон неговите одредби, да се непристрасни и секогаш со себе да го носат беџот за идентификација“, велат од ДИК.

На седницата беше нагласено дека согласно Кодексот, само акредитирани набљудувачи можат да информираат за текот на гласачкиот процес.

Претседателот на ДИК Оливер Дерковски информираше дека се уште трае рокот за издавање акредитации за набљудувачи на референдумот, а ДИК на седницата го усвои и предлогот на Борис Кондарко да се донесе комплетно нов правилник за приговори што ќе важи само за референдумот. Правилникот за изборниот процес нема да се менува.