Загина рудар при несреќа во рудник во Крива Паланка

Илустративна фотографија.

Рудар загина доцна синоќа при одрон на камења во ископна јама на рудникот „Тораница“ во Крива Паланка, информираат од компаниите „Минстрој“ А.Д. Софија и „Булмак 2016“ ДООЕЛ Пробиштип.

Рударот бил тешко повреден при „природната катастрофа“ и потоа починал како последица на сериозноста на повредите, наведува компанијата. За случајот известени се надлежни институции кои се на местото на настанот. Од компанијата изразуваат сочувство и жалење до семејството на рударот