Најмалку четворица украински војници загинале, а седум други се повредени во судирите со сепаратистите во источна Украина, кои се поддржани од Русија, соопштија денеска украинските власти.
Украинското Министерство за одбрана денеска соопшти дека ова е најголема загуба на војници во последните неколку месеци. Војниците загинале во престрелките кои траеле околу пет часа.
Украински официјални лица и сепаратистите меѓусебно се обвинуваат за тоа кој прв почнал да пука.