Тевдовски - За ниските капитални инвестиции виновни проблеми од минатата власт

Министерот Драган Тевдовски

Министерот за финансии Драган Тевдовски вели дека капиталните инвестиции се ниски, поради наталожените проблеми од минатата власт. Министерот се надева дека проблемите годинава ќе се решат и дека инвестициите ќе се интензивираат. Тој во интервју за телевизија Канал 5 рече дека само капиталните инвестиции се ниски, но дека сите останати макроекономски фундаменти се со одлични движења.

„Индустриското производство расте со пет проценти, имаме многу силен раст на извозот од 13 отсто, трговијата е 10 проценти потоа кредитирањети има солидна стапка на раст, инфлацијата е стабилна, а странските директни инвестиции во првиот квартал се на рекордно највисоко ниво од 233 милиони евра или повисоки во еден квартал годинава од цела 2017 година“, изјави Тевдовски.