Путин се сретна со Лукашенко во Сочи

Претседателите на Белорусија и Русија, Александар Лукашенко и Владимир Путин.

Рускиот претседател Владимир Путин и белорускиот претседател Александар Лукашенко се сретнаа во пристанишниот град Сочи на Црното Море, соопшти Кремљ.

Лукашенко му се заблагодари на Путин за поканата и истакна дека „различни проблеми“ се акумулирале во билатералните односи, јавува руската новинска агенција Интерфакс.

„Мораме да решиме некои проблеми. Сепак, никој нема да ги реши овие проблеми без нас“, рече Лукашенко.

Посетата на Лукашенко во Русија доаѓа по неговите критики кон Москва на 10 август, поради како што рече, неуспехот да ги исполни своите обврски како членка на Евроазиската економска унија (ЕЕУ), во која членуваат Белорусија, Ерменија, Казахстан и Киргистан.