Двајца загинати при судир на два воза во БиХ

БиХ: Два воза се судрија во градот Јабланица. 23.08.2018.

Полицијата во БиХ соопшти дека два товарни воза се судриле во јужниот дел на земјата, при што загинале две лица и едно лице сериозно е повредено.

Судирот се случил кратко пред полноќ на 22 август на железничката станица во градот Јабланица, на околу 40 километри од Мостар.

Босанските медиуми информираат дека четврто лице избегнало повреди откако скокнал од еден од возовите при судирот.

Властите соопштија дека железничката линија меѓу Мостар и Сараево ќе биде затворена додека заврши истрагата за причините за несреќата.