Во Кривичниот суд во Скопје денеска ќе продолжи судењето за настаните во Собранието на 27 април минатата година, откако на вчерашното рочиште воведни говори имаа обвинителката Вилма Рускоска и дел од обвинетите.
Во случајот обвинети се 33 лица, од 31 за „тероризам“, додека две лица за помагање на делото. Предметот го води судијката за организиран криминал Добрила Кацарска, која закажа 37 термини за главната расправа.
Од обвинетите, 11 луѓе се во притвор, 13 се во куќен притвор, а за осум има мерки за претпазливост и гаранции.