Путин: Состанокот со Трамп корисен, санкциите контрапродуктивни

Претседателот на Русија Владимир Путин

Претседателот на Русија Владимир Путин изјави дека состанокот со неговиот американски колега кој се одржа минатиот месец бил "корисен", додавајќи дека страните не се надевале оти ќе ги отстранат сите разлики во двочасовните разговори.

"Размената на мислења и директен разговор е секогаш многу корисна", рече Путин денеска, еден ден пред планираниот состанок во Женева на рускиот секретар за безбедност Николај Патрушев и советникот за национална безбедност на САД, Џон Болтон. Односите меѓу Москва и Вашингтон се влошија околу прашањата на анексијата на Крим од страна на Русија во 2014 година, нејзината улога во војните во Сирија и источна Украина како и наводите за руско мешање во американските претседателски избори во 2016 година.

Претседателот на САД Доналд Трамп често зборува за подобрување на врските со Кремаљ, но дури и неговото средба со Путин во Хелсинки не успеа да ги промени односите.

Говорејќи на прес-конференцијата со финскиот претседател Саули Ниинисто во одморалиштето на Сочи во Црното Море, Путин денеска рече дека санкциите на САД против Русија се "контрапродуктивни и бесмислени".