Бутикофер: Референдумот од клучна важност за иднината на Македонија

Илустративна фотографија.Владата на Република Македонија.

Европратеникот од Европскатa партија на зелените Рајнхард Бутикофер изјави дека не се заинтересирани само да видат решение на проблемот со Република Грција, туку оти се подготвени и да се ангажираат и да помогнат за отворањето на вратите на ЕУ за напредокот на Македонија.

На средбата со премиерот Зоран Заев, како што соопшти владината прес-служба, Бутикофер ја нагласи важноста од претстојниот референдум, како за иднината на Македонија, така и за регионот на Западен Балкан и Европската унија, и ја пренесе поддршката за имплементација на Договорот со Република Грција.

Европратеникот од Европската партија на зелените, кој беше придружуван од Претседателката на ДОМ Лилјана Поповска, на средбата го информирал премиерот Заев дека е рестартирана групата за поддршка за пријателство на Македонија во Европскиот Парламент, на која тој е потпретседател.