Љајиќ: Следниот состанок на Вучиќ и Тачи е клучен за косовското прашање

Архива: српскиот вицепремиер Расим Љајиќ.

Следниот состанок на претседателите на Србија и на Косово, Александар Вучиќ и Хашим Тачи во Брисел, е од клучно значење за решавањето на косовското прашање, изјави српскиот вицепремиер Расим Љајиќ наведувајќи дека по тој состанок ќе биде појасно дали проблемот ќе се реши или ќе биде уште еден неуспешен обид.

Љајиќ додаде дека Тачи е во потешка положба од Вучиќ, бидејќи според него сите во Косово се против решавањето на косовското прашање.

Тој додаде дека не е оптимист дека косовското прашање ќе се реши брзо, бидејќи, како што вели, во Приштина преовладувало верувањето дека Србија во преговорите може да добие повеќе од она што сега го има, а Косово ќе мора да направи отстапки за да се дојде до решение.