Болтон: САД бараат промени во однесувањето на Иран

Советникот за национална безбедност на Белата куќа, Џон Болтон за време на интервјуто со Ројтерс.

Советникот за национална безбедност на Белата куќа, Џон Болтон, изјави дека САД не бараат соборување на иранската влада, но оти Вашингтон сака властите во Техеран да го променат своето однесување.

„Само да биде јасно, промената на режимот во Иран, не е американска политика. Но ние сакаме масовна промена во однесувањето на режимот“, изјави денеска Болтон на прес-конференција во Ерусалим.

Болтон рече дека САД ќе реагираат „многу силно“ ако силите на сирискиот претседател Башар-ал Асад употребат хемиско оружје во офанзива за преземање на провинцијата Идлиб.

Болтон во интервју за Ројтерс исто така изјави дека САД ќе продолжат да вршат притисок за целосно повлекување на иранската војска од Сирија, во разговори со Русија околу граѓанската војна во Сирија.

Тој наведе дека САД дека оджруваат контингент од неколку илјади американски војници во Сирија, делумно поради загриженоста дека иранските борци претставуваат закана за нивниот сојузник Израел.

„Нашиот интерес во Сирија е да заврши деструкцијата на територијалниот калифат на Исламската држава и да се соочи со заканите од тероризмот на ИД и да се грижи за присуството на редовните сили и милициите на Иран. Тие се прашањата поради кои сме таму“, рече Болтон.

Болтон треба да се сретне со неговиот руски колега Николај Патрушев на 23 август во Женева. Болтон рече дека самитот меѓу рускиот претседател Владимир Путин и американскиот претседател Доналд Трамп минатиот месец, Путин го информирал Трамп дека Русија не може да ги принуди иранските трупи да заминат.