„Предлогот за границата што го најави Косово е во спротивност со сегашната реалност и никогаш нема да биде имплементиран“, изјави шефот на српската дипломатија Ивица Дачиќ на прес конференцијата по средбата со шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров во Сочи. Според него, сегашната позиција на косовското раководство било доказ дека не е подготвено на компромиси. „Всушност ова само покажува колку тие сакаат нивниот проект за Голема Албанија да биде имплементиран. Тоа не е доволно за нив. Тие ќе одат до Ниш, тие сакаат половина од Црна Гора, половина од Македонија и северниот дел на Грција. Во меѓувреме не сфаќаат дека глобалната ситуација е сменета“, рече Дачиќ.
Дачиќ: предлогот на Косово за границата е надвор од реалноста
шефот на српската дипломатија Ивица Дачиќ и шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров