Израел дозволи 600 илјади жители да можат да носат оружје

Израелскиот министер за безбедност, Гилад Ердан, ги ублажи ограничувањата за носење оружје, а теоретски околу 600.000 цивили ќе можат да бараат дозвола. Израелските медиуми информираат дека секој граѓанин кој е обучен на одредено ниво, што е случај со мнозинството што им служело на армијата во мировните единици во Израел, може да побара дозвола за носење оружје.

"Обучени цивили кои носат пиштол во јавноста придонесуваат за чувството на безбедност, тие дејствуваат како важна линија на одбрана од терористички напади на поединци и затоа ја зголемуваат јавната безбедност", изјави Ердан.

Тој додаде дека новата политика создава рамнотежа помеѓу потребата да се брани јавноста која би можела да биде во опасност и потребата да се заштити од неправилна употреба на огнено оружје. Во Израел, дозвола за оружје имаат околу 145.000 жители. Овој број не ги вклучува оние чија работа бара да бидат вооружени, како и војници или полицајци. Дозволата се обновува на секои три години.