Брисел бара поамбициозна климатска политика за ЕУ

Европскиот комесар задолжен за климатски прашања Мигел Кањете, изјави дека планира да предложи поамбициозни климатски цели за земјите членки на ЕУ. Засега зацртаните климатски цели на ЕУ се намалување на емисијата на штетни гасови за 40 отсто до 2030.ЕУ се заложи и дека до 2030 обновливите енергии треба да достигнат 32 отсто од целокупниот енергетски микс, а енергетската ефикасност да се зголеми за 32,5 отсто. Европската Комисија потврди дека сега сака да предложи намалување на штетните гасови на 45 отсто. Но, за ова ќе треба согласност од земјите членки претходно.

Кањете планира прашањето да им го презентира на земјите членки и се надева дека ќе добие од нив согласност пред претстојната глобална климатска конференција во Полска, КОП24, во декември. Исклучително жешкото лето во Европа оваа година, пожарите, сушата и штетните последици за земјоделството ги вратија климатските прашања на врвот на политичките и граѓанските приоритети.