Вучиќ: Српската Армија до ноември ќе има осум воени авиони „Миг-29“

Српскиот претседател Александар Вучиќ разговар со припадници на армијата во Батајница: 21.08.2018

На воената парада во ноември Армијата на Србија ќе има осум ловци „Миг-29“, изјави српскиот претседател Александар Вучиќ за време на денешното примопредавање на два авиони од истиот тип од Русија, пренесува БЕТА.

„Кога станав министер за одбрана имавме еден „Миг-29“ на ремонт, сега имаме три, а за десет до 12 дена ќе имаме шест, а за два месеци ќе имаме девет, од кој осум ќе летаат на почетокот на ноември“, рече Вучиќ во Батајница.

Тој истакна дека во текот на денот посети уште шест „Мигови 29“ во хангари, на кој заеднички работат руски и српски експерти и изрази уверување дека за парадата во ноември ќе бидат подготвени осум вакви авиони.

Вучиќ рече дека негов предлог е авионите да добијат имиња по загинатите пилоти за време на бомбардирањето на НАТО во 1999 година, велејќи оти се надева дека ќе биде прифатен.

Исто така српскиот претседател изјави дека војската набавила четири борбени хеликоптери од Русија, кои ќе стигнат за една година