Можна реконструкција на грчката Влада

Грчкиот премиер Алексис Ципрас.

Грчкиот премиер Алексис Ципрас подготвува реконструкција на владата која може да се случи во следните денови, јавуваат грчките медиуми.

Според нивните информации, неколку министри е сигурно дека ќе останат на нивните досегашни позиции, а меѓу нив се и министерот за надворешни работи Никос Коѕијас, министерот за одбрана и коалиционен партнер Панос Каменос, министерката за труд Ефи Ахциоглу, пренесува МИА.

Доколку реконструкцијата на владата не се случи во следните денови, веројатно е дека ќе биде пред Меѓународниот саем во Солун што започнува на 8 септември, кога свое обраќање ќе има и Ципрас.