Салвадор ги прекина врските со Тајван

Салвадор денеска воспостави дипломатски односи со Кина откако ги раскина односите со Тајван, соопштено е во Пекинг. Шефовите на дипломатиите на двете земји на церемонијата во Пекинг ги потпишаа документите за воспставување дипломатски односи. Кина го смета Тајван за дел од нејзината територија и историја. Островот е политички одвоен од Кина откако комунистите ја презедоа власта во Пекинг во 1949 година. Тајван е признат од 17 држави во светот.