Харадинај: преговарање за прекројување на границите е национално предавство

Косовскиот премиер Рамуш Харадинај

Косовскиот премиер Рамуш Харадинај уште еднаш остро се спортивстави на изјавите на претседателот на државата Хашим Тачи за корекција на границите со Србија, порачувајќи дека таквите обиди претставуваат национално предавство и дека „секој кој посакува поместување на границите треба да знае дека повикува на нова војна“. Харадинај смета дека припојувањето на Прешевската Долина кон Косово, за што се залага Тачи под декларативната заложба за „корекција на границите“, е нешто неостварливо и дека е „погрешно поврзувањето на темите како што е признавањето меѓу Косово и Србија со териториите, бидејќи такво нешто е невозможно“.