Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров денеска во Сочи ќе се сретне со неговиот српски колега Ивица Дачиќ. Министрите се очекува да разговараат за ситуацијата на Балканот, вклучувајќи го и дијалогот меѓу Белград и Приштина за Косово. Москва, како што наведува руската новинска агенција Итартас, е загрижена од експанзијата на НАТО на Балканот, оценувајќи дека тоа ќе ја влоши стабилноста во Европа. Притоа се потсетува на претстојниот референдум во Македонија за зачленувањето на земјата во НАТО.
Во Сочи средба меѓу Лавров и Дачиќ
Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров и неговиот српски колега Ивица Дачиќ