Исламските верници го прославуваат Курбан-бајрам

илустрација

Исламските верници денеска ја почнуваат четиридневната прослава на еден од двата нивни најголеми празника, Курбан-бајрам. Сите муслимански празници се сметаат по месечевата, а не по сончевата година, а овој празник е на два месеца и десет дена по Рамазанскиот бајрам. На Курбан-бајрам завршува и аџилакот во Мека, Саудиска Арабија, инаку најголемото исламско светилиште. Празникот се нарекува Курбан-бајрам бидејќи се принесува жртва, што означува приближување кон Бога.