Манчевски: Во јавниот сектор има 2.543 нови вработувања

Министерот Дамјан Манчевски

Во јавниот сектор според последните бројки обезбедени од институциите има 2.543 нови вработувања, соопшти министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски во врска со обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ дека се вработени нови 6.000 лица.

Тој појасни дека 2.359 лица се вработени на определено време, додека 184 на неопределено и додаде дека истовремено јавниот сектор го напуштиле 12.000 лица по разни основи. Податоците од МИОА покажуваат дека 4.761 заминале поради истек на определено време, 3.130 лица поради исполнување услов за старосна пензија, 740 лица се поради отказ од работникот, 511 поради отказ од работодавачот, 385 спогодбено...

Тој ги отфрли и обвинувањата од ВМРО-ДПМНЕ за отстапувањето од законски пропишаниот рок за доставување на годишните планови за вработување, и прифаќањето на плановите доставени надвор од рок.