Узбекистанскиот премиер полесно повреден во сообраќајка

Узбекистанскиот премиер Абдула Арипов

Узбекистанскиот премиер Абдула Арипов бил пренесен во болница откако бил полесно повреден во сообраќајка, потврдија високи претставници од тамошното МВР за Радио Слободна Европа. Инсистирајќи на анонимност, претставниците потврдија дека автомобилот на Арипов утринава се судрил со друго возило на автопатот Бекабад-Ташкент. Премиерот бил пренесен во болница, но неговите повреди не се животозагрозувачки. Властите отворија истрага за причините за несреќата.