Вуцис: Договорот од Преспа ќе добие широко мнозинство во грчкиот Парламент

Потпишувањето на Договорот од Преспа.

Договорот од Преспа ќе добие широко мнозинство кога ќе дојде на гласање во грчкиот парламент, изјави спикерот на грчкиот законодавен дом Никос Вуцис за грчкото радио „Реал ФМ.“Тој рече оти верува дека македонското прашање и договорот од Преспа ќе има пошироко мнозинство во Парламентот од она што се претпоставува.

„Токму поради тоа што во следните месеци ќе има можност, почната со конференцијата во Министерството за надворешни работи, за клучни прашања за кои постојат логични, оправдани или друг вид на несогласувања да се појаснат прашањата и мислам дека ќе има поширок консензус“, вели Вуцис пренесува МИА.