Димитров на средба со Помпео во Вашингтон

Архива: Министерот за надворешни работи Никола Димитров.

Министерот за надворешни работи Никола Димитров ќе се сретне со американскиот државен секретар Мајк Помпео во Вашингтон. Димитров на покана на Помпео од денеска до 22 август ќе престојува во работна посета на Соединетите Американски Држави, соопшти МНР.

Од Министерството наведуваат дека покрај средбата со државниот секретар Помпео, предвидено е Димитров да одржи средби и со високи претставници на американската администрација - Советот за национална безбедност, Стејт департментот, Конгресот, како и со претставници на невладини организации и други институции во Вашингтон.