Илјадници луѓе се отсечени додека индијските спасувачки екипи, со поддршка на хеликоптери и стотина чамци, и натаму се обидуваат да ги спасат во поплавите во јужната индиска држава Керали, во кои од поичетокот на сезоната на монсуните загинале повеќе од 350 луѓе.
Во полавите кои се најголеми во изминатите 100 години во таа држава, загинале 357 луѓе, објавија локалните власти, а во последните 24 часа пронајдени се 33 мртви.
Метеоролозите најавуваат дека дождовите ќе траат до 23 август. Околу 350.000 луѓе погодени од поплавите морале да се засолнат во 3.000 привремени логори.