Акцизите за цигари и алкохол нема да се плаќаат однапред, соопшти Министерството за финансии

Министерството за финансии соопшти дека во пакетот од осум мерки и предлог-закони е изготвен и предлог-закон за заштита на потрошувачи при договори за потрошувачки кредити.

„Со него се става лимит на трошоците за подигнување кредити од финансиски друштва, што ќе влијае на намалување на истите. Изготвен е нов Закон за акцизи, кој предвидува повеќе поволности. Се предвидува и акцизата за тутунските производи и алкохолните пијалаци да се плаќа со пуштање во промет на производот. Досега таа се плаќаше однапред, со подигањето на акцизните марки“, соопшти Министерството за финансии.