Геофизичкиот институт на САД соопти дека силен земјотрес со јачина од 8,2 степени според рихтеровата скала е регистриран во реонот на Фиџи, објави АП.
Според првичните информации по земјотресот биле забележани и помали бранови на цунами, од кое, за сега не се пријавени штети. Се уште нема ниту извештаи ниту за причинета материјална штета од земјотресот, ниту пак за повредени или загинати.