Американскиот геолошки институт соопшти дека индонезискиот остров Ломбок пак бил погоден од силен земјотрес со јачина од 6,2 степени според рихтеровата скала, што е уште еден во низата земјотреси во кои изминатите две недели загинаа над 400 луѓе, објави Ројтерс.
Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од најмалку 7,9 километри. Се уште нема официјални податоци за евентуални жртви и причинета материјална штета.
За две недели Ломбок го погодија низа силни замјотреси во кои животот го изгубија стотици луѓе, а владата ја процени материјалната штета на повеќе стотини милиони долари.