Белорускиот претседател Александар Лукашенко денеска ги разреши премиерот Андреј Кобјаков и тројца министри со образложение дека не биле ефикасни, објавија новинските агенции.
Кобјаков беше премиер од 2014 година. За негов наследник е именуван директорот на Развојната банка на Белорусија, Сергеј Румас. Лукашенко именува и четири потпретседатели на Владата, како и нови министри за економија, за комуникации и за индустрија.