Почина и вториот параглајдерист од несреќата на Мечкин Камен

Илустрација

Почина и вториот параглајдерист, кој вчера беше пренесен во болница, по несреќата кај Мечкин Камен, кога двајца параглајдери се судрија во лет.

Педесет и шестгодшниот И.В од Украина во воздухот се судри со педесет и четиригодишниот И.П. од Велика Британија, при што Украинецот почина на лице место, а вториот параглајдерист беше пренесен во Здравствениот дом во Прилеп.

Јавен обвинител нареди обдукција на телата на починатите.