Сугарески: Ќе се интензивира изградбата на автопатот Кичево - Охрид

Министерот Горан Сугарески

Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески изјави дека со кинеската компанија Синохидро во моментов се водат финалните преговори за интензивно да продолжи изградбата на автопатот Кичево - Охрид.

" Очекувам до крајот на месецов да поднесеме до Владата и до Собранието нов анекс на договор со кој ќе се ослободат 230 милиони евра и на тој начин ќе се интензивира градбата. Со самото ослободување на средствата кои ќе можеме да ги алоцираме по различни ставки, ќе може да продолжи изградбата и да се платат компаниите кои работат на изградбата на автопатот", рече Сугарески во интервју за ТВ Канал 5 и додаде дека изведувачите и подизведувачите и во моментoв работат во делот кај што нема проблеми.

Тој нагласи дека паралелно се работи на препроектирање на пропустите поврзани со тунелот, свлечиштето и пристапните патишта.

Министерот за транспорт и врски потврди дека наскоро ќе биде објавен нов тендер за евтини авиолетови.

Во врска со поништувањето на претходниот тендер, Сугаревски рече декат тоа е направено заради административни пропусти во понудата.