Градоначалниците на Белград и Загреб за заедничка туристичка рута

Градоначалниците на Сараево, Белград и Загреб - Абдула Скака, Зоран Радојичиќ и Милан Бандиќ се состанаа во Сараево

Во Сараево денеска првпат се сретнаа градоначалниците на Белград, Загреб и на тој град, каде разговараа за унапредување на соработката на трите престолнини.

Градоначалниците на Сараево, Белград и Загреб- Абдулах Скака, Зоран Радојичиќ и Милан Бандиќ по состанокот истакнаа колку е значајна средбата и дека се договориле трите престолнини да се поврзат во заедничка туристичка рута.

Тие се согласиле дека развојот во сите области, како што е туризмот, културата, економијата или спортот, се подеднакво важни за сите граѓани и дека мирот и стабилноста на регионот е од исклучително значење.

Следната трилатерала ќе биде одржана во Загреб, а потоа во Белград.