На полигонот за обука во Криволак не се користи муниција со сиромашен ураниум, Министерството за одбрана наведувајќи дека фотографии што се објавени на некои од портали лажни вести се цел да се прошири паника и да предизвикаат отпор на граѓаните кон НАТО.
Од Министерството нагласуваат дека досега на Армискиот полигон Криволак во ниту една прилика не е користена муниција со осиромашен ураниум и оти за последната обука што беше изведена со вооружените сили на САД, се користела муниција за митралез со калибар 12,7 мм.
„Станува збор за зрно од олово обвиткано со кошулка од бакар. Бакарот, поради неговата боја е искористен за да се спинува веста дека станува збор за муниција со осиромашен ураниум. Најмалиот калибар на муниција со осиромашен ураниум е 30 мм“, велат од Министерството за одбрана.