Министрите за одбрана на Русија и Турција дискутираа за сириските бегалци

Архива: Рускиот министер за одбрана Сергеј Шоигу.

Рускиот министер за одбрана Сергеј Шоигу разговараше за враќање на сириски бегалци во Сирија со неговиот турски колега Хулуси Акар за време на нивна средба во Москва, јавува турската новинска агенција ТАСС цитирајќи го руското министерство, пренесува Ројтерс. Тие исто така разговарале за хуманитарната ситуација во Сирија, како и за соработката меѓу министерствата за одбрана на Турција и Русија.