ОН со критики за одлуката на парламентот на Република Српска

парламентот на Република Српска

Советникот на Обединетите нации за спречување геноцид Адам Деијенг оцени дека одлуката на парламентот на Република Српска за отфрлање на извештајот на Комисијата за Сребреница претставува чекор назад за Босна и Херцеговина. Според него, таа одлука го поткопува владеењето на правото, како и државните и меѓународните напори за постигнување правда за жртвите на злосторствата направени над луѓето од сите националности во текот на војната во БиХ. Тој исто така оцени дека тоа би можело да ги зголеми тензиите пред изборите на 7 октомври. Пред два дена парламентот на босанските Срби донесе одлука да го отфрли извештајот на Комисијата во врска со геноцидот во Сребреница во 1995 година.