Градоначалникот на Прешево: ние сме против размена на територии

Градоначалникот на општина Прешево Шќиприм Арифи изјави дека политичките претставници на тоа подрачје се против размена за северот на Косово, па и по цена Прешево и натаму да остане под Србија. „Ние се залагаме за силно Косово и северот да биде дел од него дури и ако тоа биде на сметка на нашето останување под Србија“, изјави Арифи за косовската телевизија Дукаѓини. Според него, промената на границите што ја претстави претседателот на Косово Хашим Тачи е прашање за кое може да се разговара, но оти тоа не подразбира и размена на територии. Тој во врска со најавите дека само Прешево би можело да влезе во Косово, но не и Бујановац и Медвеѓа, рече: „Или сите ќе бидат дел од Косово или остануваме каде што сме“.