Спасени 36 бегалци кај грчкиот остров Сапијенца

Илустративна фотографија.

Грчката крајбрежна стража спаси 36 бегалци и мигранти во близина на островот Сапијенца, крај Пелопонез, откако биле пронајдени во чамец во морето јужно од Сапијенца.

Мигрантите побарале помош на единствениот европски број за вонреднии ситуации 112. Спасените мигранти пренесени се во пристаништето Метони, јужен Пелопонез.