Руското Министерство за одбрана соопшти дека таа земја учествувала во напорите за враќање на сириските бегалци и за обнова на инфраструктурата во таа земја уништена од долгогодишната граѓанска војна. Претставникот на Министерството Михаил Мизинцев изјави дека во претходните две години се вратиле околу 1,2 милиони интерно населени и околу 300.000 бегалци. Министерот за јавна управа на Сирија Хусеин Маклуф пак деновиве како „непријателска пропаганда“ ги отфрли наводите дека некои бегалци по враќањето во Сирија веднаш биле уапсени.
Русија и помага на владата на Сирија околу враќањето на бегалците
Војник на сириската армија стои до руско воено возило во близина на градот Алхураја, 14.08.2018.