САД воведоа санкции за три странски компании кои, како што велат, и помагале на Северна Кореја, со незаконски испораки за нејзината нуклеарна програма.
Американското Министерството за финансии денеска објави дека презема чекори против бродски компании, кои се наоѓаат во Кина, Сингапур и Русија, како и против шефот на руската фирма.
Со санкциите им се блокирани сите средства што компаниите ги имаат под надлежност на САД и им се забранува на американските граѓани да водат бизнис со нив.
И покрај отворањето на директни разговори со Пјонгјанг, Вашингтон продолжува да притиска Северна Кореја да ја прекине со нуклеарната програма.