Шефот на Амнести интернешенел во Турција ослободен од затвор

Танер Килич.

Турскиот суд го ослободи од затвор шефот на локалната канцеларија на Амнести интернешенел, Танер Килич. Ова е еден од случаите кои ја подигнаа загриженоста за третманот на човековите права во Турција.

Истражувачот на Амнести интернешенел Ендрју Гарднер на Твитер по ослободителната одлуката напиша дека тоа е одлична вест.

Килич беше осуден на повеќе од една година затвор во турскиот западен град Измир, под обвинение дека го поддржува свештеникот од САД, Фетулах Гулен, кој Анкара го обвинува за неуспешниот обид за пуч во Турција во јули 2016 година.