Најмалку 25 загинати во самоубиствен напад во Кабул

Архива: Жртви од експлозија во Кабул. 22.07.2018

Авганистанските власти соопштија дека најмалку 25 луѓе се убиени во самоубиствен бомбашки напад кој бил извршен во претежно шиитска населба во западен Кабул.

Денешниот напад се случил пред образовен центар во населбата Дашт-е Барча во Кабул. Портпаролот на Министерството за внатрешни работи Наџиб Даниш изјави дека експлозијата била предизвикана од бомбаш самоубиец.

Авганистанските власти соопштија дека најмалку 35 луѓе се повредени во експлозијата. Засега ниту една група на презема одговорност за нападот.