Бугарија одобри нацрт програма за културна соработка со Македонија

Архива: Премиерот на Бугарија Бојко Борисов и премирот на Македонија Зоран Заев.

Бугарската Влада одобри нацрт Програма за соработка во областа на културата меѓу Министерството за култура на Република Бугарија и Министерството за култура на Република Македонија за периодот 2018-2021 година, соопшти бугарската владина прес-служба.

Наведено е дека нацрт-програмата ги зема предвид заемните интереси на двете земји и ги содржи сите неопходни текстови за развој на односите меѓу Бугарија и Македонија во областа на културата и ги регулира можностите за соработка во областа на театарот, литературата, уметноста, преводот и објавувањето творби на писатели од другата земја и друго.

Културната соработка меѓу двете веќе е регулирана со Спогодбата меѓу владите на двете земји, потпишана во Скопје на 15 мај 2000 година, како и во Договорот за пријателство, добрососедство и соработка од февруари 2018 година.