Британската полиција извршила претрес на три локации во земјата откако едно лице со автомобил удри во безбедносна бариера пред британскиот Парламент и притоа повреди двајца пешаци. Според полицијата, бил извршен претрес на две локации во Бирмингам и една локација во Нотингам. Возачот кој е 29 годишен британски државјанин е осомничен за терористички акт.