Талибанците заземаа база на авганистанската армија

Војници на Авганистанската армија во Газни. 14.08.2018

Талибанските борци заземаа оперативна база на Авганистанската армија во северниот дел на земјата, додека на југот безбедносните сили се борат петти ден по ред против талибанските милитанти кои го заземаа гладот Газни.

Портпаролот на министерот за одбрана Гафор Ахмед Џавед изјави дека талибанските борци ја преземале контролата врз базата во областа Гормач, во северната провинција Фарјаб, доцна на 13 август.

Џавед рече дека во борбите 17 авганистански борци се убиени и најмалку 19 се повредени.

Портпаролот на Армијата Мохамед Ханиф Резаи изјави дека 100 авганистански војници биле во базата, позната како Камп Чинаја, кога Талибанците го започнале нападот.

Хашим Отак – член на авганистанскиот Парламент кој ја претставува провинцијата Фарјаб, рече дека околу 40 авганистански војници се заробени од страна на Талибанците.

Талибанскиот портпарол Забихула Муџахид рече дека 57 авганистански војници се предале на Талибанците и други 17 биче заробени.