Четврти ден судири меѓу авганистанската војска и Талибанците во Газни

Архива: Чад се шитри во воздухот откако талибанските милитанти започнаа напад во авганистанскиот град Газни. 10.08.2018

Авганистанските владини сили четврти ден по ред се борат со Талибанците во Газни, откако Талибанците на 10 август го започнаа нападот во источниот град, велат официјални претставници.

Портпаролот на Министерството за внатрешни работи Наџиб Даниш изјави дека засилувања биле испратени во Газни, главниот град на истоимената провинција, и оти денеска се обидуваат да го исчистат градот од милитантите.

Газни е стратешки град лоциран на главниот пат кој ги поврзува главниот град Кабул со јужниот дел на Авганистан.

Три дена откако милитантите го започнаа нападот во градот со 270 илјади жители, информациите беше тешко да се проверат, бидејќи телекомуникациските служби беа затворени поради судирите.

Околу 100 војници и полицајци се убиени и многу други повредени, според претставник од безбедносните служби кој вели дека бројот на жртвите кај талибанската страна исто така е голем.