Најмалку седум пакистански рудари загинаа во екплозија во рудник

Архива: Работници работат во рудник за јаглен во пакистанскиот град Квета.

Најмалку седум рудари загинаа и шест други се исчезнати и се стравува дека исто така се загинати во експлозија која се случи во рудник за јаглен во југозападната пакистанска провинција Балочистан, се вели во извештаите.

Експлозијата се случи во селото Санџи, на околу 50 километри од Квета -главниот град на провинцијата. Причината за експлозијата засега е нејасна.

Полицијата првично соопшти дека е експлозија на метан, но подоцна во извештаите беше наведено дека рудникот пропаднал откако рударите користеле динамит за време на ископувањето.

Главниот провинциски рударски инспектор Мухамед Ифтихар изјави дека спасувачките екипи се уште работат да ги пронајдат рударите кои се заглавени, но оти не очекуваат да ги најдат живи. Бројот на вклучени рудари се разликува во неколку пакистански новински извештаи.